Заштитата на вашата приватност при користењето на нашата веб-страница нам ни е особено важна. Поради тоа, подолу детално ве информираме за прибирањето лични и нелични податоци. Start има право да ги користи личните податоци како анонимни податоци почитувајќи ги подолу опишаните права на засегнатите лица во законски дозволениот обем. На оваа веб-страница, се применува софтвер за анализа на користењето. Со проценката на овие податоци, може да се добијат вредни сознанија за потребите на корисниците. Овие сознанија придонесуваат за дополнително подобрување на квалитетот на понудата. Поединечно за секое повикување, неограничено се меморира следниот сет податоци:
•    Анонимизирана форма на IP-адресата на компјутерот што повикува
•    Датум и време на повикувањето
•    Има на повиканата страница односно датотека
•    ID на сесија
•    Упатувачки URL (URL од каде што сте дошле на нашата веб-страница)
•    Пренесената количина податоци
•    Информации за производот и верзијата на користениот пребарувач
•    Оперативниот систем што корисникот го употребува

1. Што е колаче?

Колаче е мала текстуална датотека што меморира интернет поставувања. Скоро секоја веб-страница ја користи оваа технологија. Таа се презема при првата посета на веб-страницата од вашиот интернет пребарувач. При следното повикување на таа веб-страница со истиот краен уред, колачето и во него меморираните информации или се праќаат до веб-страницата којашто ги создала (колаче на прва страна) или се праќаат на друга веб-страница, на којашто и припаѓаат (колаче на трета страна). Преку тоа, веб-страницата препознава дека веќе била повикана со вашиот пребарувач и во некои случаи ја менува прикажаната содржина.
Некои колачиња се многу корисни бидејќи можат да го подобрат искуството на корисникот при одново повикување на веб-страница којашто веќе повеќепати ја посетил. Под услов доколку го користите истиот краен уред и истиот пребарувач како досега, колачињата потсетуваат на пр. за вашите преференции, информираат за начинот на кој ја користите веб-страницата и ги приспособуваат прикажаните понуди што се релевантни за вашите лични интереси и потреби. Поголемиот број колачиња што ние ги користиме, по завршувањето на сесијата на пребарувачот, автоматски повторно се бришат од вашиот хард-диск („колачиња за сесија“). Освен тоа, ние користиме и колачиња што остануваат на вашиот хард-диск и по сесијата. Тоа се случува воглавно за да може да се подобри искуството на корисникот при повторно повикување на веб-страницата со тоа што веб-страницата потоа ќе може да се приспособи на вашите лични потреби и со тоа да се оптимираат времињата на вчитување.

2. Поставувања на колачињата на оваа веб-страница

2.1. Колачиња за коишто не е потребна согласност

​​​​Задолжително потребните колачиња, наречени и „strictly necessary“, обезбедуваат функции без коишто не би можеле да ја користите оваа веб-страница како што посакувате. Овие колачиња ги користиме исклучиво ние и поради тоа се нарекуваат колачиња за прва страна. Тие се меморираат на вашиот компјутер само за време на актуелната сесија на пребарувачот. Задолжително потребни колачиња: за функцијата за најава имаме т.н. „колаче за сесија“. Без ова колаче, нема најава и со тоа ги нема ни функциите по најавата. Покрај тоа, таквите колачиња обезбедуваат на пр. при менување на страницата функционалност на промената од http на https, а со тоа и придржувањето до зголемените барања за безбедност при преносот на податоци. За користењето на задолжително потребните колачиња, не е потребна согласност. Задолжително потребните колачиња не може да се деактивираат преку функциите на оваа страница. Но може во секое време да се деактивираат преку користениот пребарувач. За таа цел, погледнете го упатството најдолу.


2.2. Колачиња за прва страна за коишто е потребна согласност

Колачиња што според чисто правната дефиниција не се задолжително потребни за да може да се користи веб-страницата, но сепак исполнуваат важни задачи. Без овие колачиња, повеќе нема да бидат достапни функциите што овозможуваат комфорно сурфање на нашата веб-страница, како на пр. претходно пополнети формулари. Извршените поставувања, како на пример изборот на јазик не може да се зачуваат и мора одново да се повикуваат на секоја страница. Покрај тоа, ние повеќе ја немаме можноста да ви пристапиме со индивидуално приспособени понуди. Подолу се набројани колачињата за прва страна со подетален опис:
•    Назив на колаче: Auto-Login колаче
Задача: колачето забележува дали корисникот е најавен. Период на чување: една сесија или некои податоци до 2 седмици. (сите податоци се анонимни односно анонимизирани)
•    Назив на колаче: Webtrekk GmbH (www.webtrekk.com)
Задача: со помош на услугите на Webtrekk, ние прибираме статистички податоци за користењето на нашата веб-понуда. Овие податоци се користат за постојано подобрување и оптимизација на нашата веб-страница и нашите понуди, со што истите стануваат поинтересни за вас. Податоците покажуваат параметри, како на пример бројот на посетители, однесувањето при кликнување и просечното активно поминато време на корисникот на веб-страницата, со цел преку нивна проценка уште повеќе да се подобри веб-страницата. Исто така, преку упатувачки URL статистички се проценува бројот на корисници што на нашите веб-страници доаѓаат од партнерските веб-страници со цел да се утврди кои од нашите маркетиншки кампањи будат интерес за нашата веб-страница. Период на чување: по 6 месеци неактивност, колачето се брише. Доколку посетителот во тој рок има една посета, периодот на чување на колачето се продолжува за уште 6 месеци. (сите податоци се анонимни односно анонимизирани)
•    Назив на колаче: Tealium (tealium.com/de/privacy/)
Задача: со помош на услугите на Tealium iQ, ние управуваме со нашите алатки за маркетинг. Tealium притоа дејствува како посредник помеѓу веб-страницата и нашите партнери. Податоците се проследуваат до Tealium и соодветно им се пренесуваат на партнерите. Период на чување: не се меморираат податоци, туку исклучиво се пренесуваат до партнерите.
•    Назив на колаче: Visual Website Optimizer (vwo.com/knowledge/how-secure-is-vwo)
Задача: со помош на VWO креираме тестови за корисници за оптимизирање и понатамошен развој на нашата веб-страница. Притоа, VWO анализира статистички податоци за користењето на нашата веб понуда. Дополнително, алатката наоѓа примена и како А/Б алатка за тестирање. Со тоа, податоците, како на пример бројот на посетители, однесувањето при кликнување и просечното активно времетраење на останување на корисниците на веб-страницата, се подредуваат кон соодветните варијанти на тестирање. Период на чување: сесијата или некои податоци и до 10 години (сите податоци се анонимни односно анонимизирани)

2.3. Колачиња на трети страни за кои е неопходна согласност

На оваа веб-страница се интегрирани и содржини од трети страни. Овие трети понудувачи можат теоретски да постават колачиња, додека ја посетувате веб-страницата и на тој начин, на пример, да добијат информации, дека вие сте повикале некоја од нашите веб-страници. Ве молиме посетете ги веб-страниците на третите понудувачи за да добиете дополнителни информации за нивното користење на колачиња.

•    Назив на колачиња: Google Inc. (support.google.com/adwords)
Задача: Оваа веб-локација користи Google AdWords, а во рамките на Google AdWords и следење конверзија (Conversion Tracking) и кодови за повторно рекламирање (Remarketing Codes). Притоа, од Google AdWords се поставува колаче за следење конверзија, ако кликнете на оглас вклучен од Google. Ако посетувате одредени страници на нашата веб-локација, Google и ние можеме да препознаеме дека сте притиснале на огласот и сте биле проследени на таа страница. Добиените информации со помош на колачиња за конверзија служат за креирање статистики за AdWords-клиенти, кои воведуваат следење конверзија. Преку овие статистики го дознаваме вкупниот број на корисници, коишто кликнале на огласот вклучен од Google и повикале страница со таг за следење конверзија. Со функцијата Remarketing на Google стигнуваме до корисници, кои веќе ја посетиле нашата веб-локација. Па така, нашата реклама можеме да ја презентираме на целни групи, коишто веќе се интересираат за нашите производи или услуги. Период на чување: 30 дена (сите податоци се анонимни односно анонимизирани)

•    Назив на колаче: Facebook (www.facebook.com/policy.php)
Задача: Со Facebook-Pixel може да се следат целни групи на корисници и настани за конверзија. На тој начин, за една страница може да се испратат повеќе соодветни настани  и преку упатувачки URL да се вклучат други податоци. Со тоа може да бидат опфатени и анализирани одредени примероци на акции, кои даваат детални заклучоци за делувањето на рекламата на соодветните кругови на корисници, а со тоа може да придонесат, да се оптимизираат сопствените огласи и да се направат уште по привлечни. Период на чување: колачиња за сесија (привремени) завршуваат по сесијата. Постојани колачиња со подолго време на чување. (сите податоци се анонимни односно анонимизирани, тоа значи дека ние не ги гледаме личните податоци на поединечни корисници. Сепак, тие податоци се зачувуваат и обработуваат од Facebook, за што соодветно ве известуваме за нашето сознание за тоа. Facebook може овие податоци да ги поврзе со вашиот Facebook-профил и да ги користи за сопствени цели на рекламирање, согласно директивата за користење податоци на Facebook. Вие можете да му го овозможите на Facebook како и на неговите партнери вклучувањето на рекламни огласи на и надвор од Facebook.)

•    Назив на колаче: Adform (www.adform.com/site/privacy-policy/)
Задача: Користиме Adform за проценка на нашите маркетинг активности, за мерење на успехот и за оптимизирање на нашите методи за рекламирање. Колачето содржи ID за рекламирање, но не се содржани други карактеристики (на пр. целосна IP-адреса, име и презиме, адреса, адреса за е-пошта), преку која би можеле да бидете лично идентификувани. Во секој случај, со помош на ID за рекламирање дознаваме со кое рекламно средство сме го привлекле вашето внимание. Период на чување: 60 дена (сите податоци се анонимни односно анонимизирани) 2.4. Користени услуги за следење

•    Onsite Targeting
На веб-локациите на PULS 4 TV GmbH & Co KG се зачувуваат податоци за оптимизирање на рекламните понуди со погоре означените колачиња (колачиња за сесија и привремени колачиња). Ниту во овој случај не се добива подредување кон одредено лице. Во суштина се работи за собрани податоци за оптимизирање на веб-локацијата. Податоците се користат за тоа, на конкретниот корисник да му се стават на располагање реклами/посебни понуди и услуги по негова мера. На тој начин и понудата за клиентот е попривлечна, може подобро да се користи и е насочена кон клиентот. Само на тој начин може да се понуди реклама/услуга по мера на конкретните интереси на клиентот. Со тоа, клиентот ја добива само рекламата што навистина го интересира, а не широк спектар на општи реклами. Сепак, се подразбира дека клиентот може во секое време да ја отповика својата согласност за испраќање реклами.

•    Retargeting
Re-Targeting функционира многу слично како Onsite-Targeting. Суштинската разлика е тоа што кај Re-Targeting се поврзуваат и трети компании. Услугата на PULS 4 TV GmbH & Co KG користи и таканаречен Re-Targeting софтвер. Преку оваа технологија се овозможува, со корисникот да може да се комуницира со реклама и на веб-локациите на партнерите на PULS 4 TV GmbH & Co KG. На тој начин, на корисникот му е достапна реклама, врз основа на неговите интереси, која се појавува преку спектарот на услуги на PULS 4 TV GmbH & Co KG. За тоа исто така се користат горе наведените колачиња (колачиња за сесија и привремени колачиња), со коишто се регистрира досегашното однесување при користење. И во тој случај не се врши зачувување на лични податоци и проследување на податоците. Исто така и партнерот на PULS 4 TV GmbH & Co KG не добива лични податоци за корисникот. Во суштина, се прикажува реклама и на страниците на партнерот, без податоците (колачиња што го зачувуваат однесувањето при користење) да се поврзат со личните податоци на некое одредено лице. Исто така и за трети лица не е можно поврзување на однесувањето при користење со конкретното лице.

3. Social Plugins

Start користи на www.startdemirkapija.com.mk исто т.н. Social Plugins (во понатамошниот текст копчиња) на социјални мрежи како Facebook, Twitter и Google+. При вашата посета на нашата веб-страница овие копчиња стандардно се деактивирани, тоа значи, без ваша помош не испраќаат податоци до конкретните социјални мрежи. Пред да можете да ги користите копчињата, истите мора активно да ги активирате со кликнување. Копчето останува активно, додека повторно не го деактивирате или додека не ги избришете вашите колачиња. По активирањето се воспоставува директна врска со серверот на конкретната социјална мрежа. Потоа содржината на копчето директно се пренесува од социјалната мрежа во вашиот пребарувач и од него се вградува во веб-страницата. по активирање на копче, конкретната социјална мрежа може веќе да прибира податоци, независно од тоа дали имате интеракција со копчето. Доколку сте најавени на социјална мрежа, тоа може вашата посета на таа веб-страница да ја додели на вашата корисничка сметка. Посетата на други веб-страници не може да додели социјална мрежа, доколку претходно и таму не го активирате конкретното копче. Доколку сте член на социјална мрежа и не сакате податоците кои се собрани при вашата посета на нашата веб-страница да се спојат со вашите зачувани податоци за членство, пред активирањето на копчето мора да се одјавите од конкретната социјална мрежа. Ние немаме влијание врз обемот на податоците кои се прибираат од социјалните мрежи со вашите копчиња. Целта и обемот на прибирањето податоци и понатамошната обработка и користење на податоците преку конкретните социјални мрежи, како и вашите права во врска со тоа и можности за поставување за заштита на вашата приватност ве молиме прочитајте ги во упатствата за заштита на податоци на конкретната социјална мрежа.

Facebook 
На нашите страници се користат Social-Plugins од Facebook. Овде го користиме копчето Like. Притоа се работи за понуда од американската компанија Facebook Inc. (1601S. California Ave., Palo Alto, CA 94304 USA). Доколку посетите некоја од нашите веб-страници која содржи таков Plugin, тоа сепак не воспоставува врска со таа компанија. Тоа се случува дури во ваша изречна согласност, за која ќе бидете запрашани со кликнување на соодветно копче. Целта и обемот на прибирањето податоци и понатамошната обработка и користење на податоците преку конкретните социјални мрежи, како и вашите права во врска со тоа и можности за поставување за заштита на вашата приватност ве молиме прочитајте ги во упатствата за заштита на податоци на Facebook: www.facebook.com/policy.php 

Доколку не сакате Facebook да ги доделува податоците прибрани преку нашето веб-присуство, пред вашата посета на нашата веб-страница мора да се одјавите од Facebook. Вчитувањето на Facebook Plugins може целосно да се спречи и со Add-Ons за вашиот пребарувач, на пр. со „Facebook Blocker“

Youtube 
На нашите страници се користат Social-Plugins од Youtube. Овде користиме видеа вградени во кодот на веб-страниците. притоа се работи за понуда од американската компанија Google Inc. Целта и обемот на прибирањето податоци и понатамошната обработка и користење на податоците преку конкретните социјални мрежи, како и вашите права во врска со тоа и можности за поставување за заштита на вашата приватност ве молиме прочитајте ги во упатствата за заштита на податоци на Google: www.google.com/intl/en/policies/privacy/


За техничка имплементација на овој приговор во вашиот пребарувач се поставува Opt-Out колаче. Ова колаче служи исклучиво за доделувањето на вашиот приговор. Ве молиме обрнете внимание на тоа, дека Opt-Out колаче од технички причини не може да се употребува за пребарувачот од кој е поставено. Доколку ги избришете колачињата или користите друг пребарувач односно друг краен уред, мора одново да го преземете Opt-Out.

4. Ваши поставувања за колачиња

Вашиот пребарувач може да се постави така што колачињата ќе се креираат или општо ќе се одбиваат само со ваша согласност. Сепак ве упатуваме на тоа, дека без колачиња, одредени области на веб-страницата се ограничени или воопшто не може да се користат. Имате можност да управувате со користењето на „колачиња“ и во даден случај да го спречите истото, со тоа што ќе го конфигурирате вашиот пребарувач на следниот начин:

  • Internet Explorer, погледнете овде (https://support.microsoft.com/de-at/help/17442/windows-internet-explorer-delete-manage-cookies) Додатоци - интернет опции - регистарска картичка „Проширено“ - под точката Безбедност знакчето поставете го кај „На веб-страници посетени со Internet Explorer „Без следење“ -Испраќање барања " - потврдете
  • Firefox, погледнете овде (https://support.mozilla.org/de/kb/cookies-loeschen-daten-von-websites-entfernen) Мени - Поставувања - Заштита на податоци - кај точката Хроника поставете на "креирање според поставувања дефинирани од корисникот" - кај точката „Колачиња“ извршете ги саканите поставувања - потврдете
  • Google Chrome, погледнете овде (https://support.google.com/chrome/answer/95647?co=GENIE.Platform%3DDesktop&hl=de/) Мени - Поставувања - Проширени поставувања - во делот "Заштита на податоци" кликнете на „Поставувања за содржината“ - кај точката „Колачиња“ поставете го саканото знакче - потврдете
  • Safari, погледнете овде (https://support.apple.com/kb/ph21411?locale=de_DE) Safari - Поставувања - Заштита на податоци - кај точката „Колачиња и податоци на веб-страница“ извршете ги саканите поставувања - потврдете

Верзија: јуни 2021